Темпирана бомба: Езеро кое секоја секунда може да експлодира

6527

Голем облак со јаглерод- диоксит се надвил над езерото Ниос и долината која го опкружува во близина на границата Каремун и Нигерија на 21 август 1986 година. Тој облак усмрти 1.746 селани и повеќе од 3.000 животни.

Иако ова звучи како сценарио од некој хорор филм, бил премногу стравотен за сите жители од околината. Вулканската ерупција која се случила пред 400 години направила голем кратер во езерото, во кој со векови се таложела огромна количина на јаглерод- диоксит.

-Длабоко под површината гасот создал извори полни го јаглерод диоксит кој по малку излегуваа од површината- рекол докторот Џорџ Клин, биолог од Универзитетот во Мичиген.

Проблемот со CO2 е што тој се насобира и се подига како во шише наполнето со сода или со некој газиран пијалак. Биологот истакнува дека вистинската состојба на тој голем притисок, всушност не може да се види се додека има чеп на шишето, во овој случај е тежината на водата.

– Во моментот на подигнување на чепот, тој експлодира како шише со пиво, па целата течност ви излегува на површина, по што голема количина на CO2 ќе избие во атмосферата, обаснил Клинг.

Предизвикувач може да бидат врнежите или земјотресите, што било случај во Ниос, каде пред инцидентот е забележан дожд, кој предизвикал и големи одрони и со сето тоа започнала оваа природна катастрофа.

Вулканолозите и инженерите се обидуваат да го смалат ризикот од јаглерод- диоксит во езерото, првенствено со цевки кои би требало да го испумпуваат гасот. Иако е речиси неверојатно дека истиот случај би можел да се повтори, постои мала можност од нова ерупција.