Смртоносни бактерии забележани на Меѓународната вселенска станица

717

Микробиолози од НАСА соопштија дека во тоалетите на Меѓународната вселенска станица првпат се откриени пет вида бактерии отпорни на антибиотици и потенцијално опасни за луѓето.

Според порталот „Сајенс Алерт“, една од нив е „ентеробактер“, која вообичаено ги напаѓа пациентите со намален имунитет во болниците. Таа и другите видови бацили при тестирањата покажале мутирање и целосна отпорност на цефазолин, цефокситин, оксацилин, пеницилин и рифампин, а имаат различен степен на отпорност и кон други антибиотици.

За три од бактериите се претпоставува дека ги донеле астронаутите од Земјата. Сродството со земните супербактерии е веќе докажано.

Во моментов нема информации дали животот на некој од екипажот на МВС е загрозен.