Пронајдениот пес „спаси“ Американец од педесетгодишна затворска казна

153
Пронаоѓањето на песот Луси го ослободи Џошуа Хорнер

Пронаоѓањето на пес доведе до решавање на криминален случај во Орегон, САД, односно до ослободувањето на Американец кој го почна отслужувањето на 50-годишна затворска казна, пишува магазинот „Тајм“. 

Водоинсталатерот Џошуа Хорнер од градот Редмонд беше осуден во април минатата година за сексуално злоставување на малолетничка, која била негова тогашна девојка. Жртвата сведочеше на суд оти Хорнер се заканил дека ќе ги убие нејзините домашни миленици доколку го пријави во полиција, како и дека видела како тој го убива нејзиниот пес Луси.

Обвинетиот побара помош од организацијата „Иносенс проџект“ која им помага на неправедно осудените да ја докажат нивната невиност, шест месеци по судската пресуда во неговиот случај.

Хорнер инсистираше дека не го убил кучето на девојката, па пронаоѓањето на животното требаше да ја докаже неговата невиност. Песот од расата лабрадор бил даден на други лица, со што било тешко да биде лоциран. Кучето, сепак, беше пронајдено во градот Гирхарт, што покажа дека жртвата сведочела лажно против Хорнер. По пронаоѓањето Луси, жртвата не се одзвала на повикот на разговор со властите за нејзиното сведоштво.

Судот потоа го отфрли случајот. Хорнер беше пуштен од затвор на 3 август, и нема да има повторно судење.