Првата жена што му кажа „не“ на својот силувач

1673
Виола во полиција после киднапирањето

Седумнаесетгодишната Франческа Виола од Сицилија е киднапирана и брутално силувана во 1965 година. Нејзиниот напаѓач, мафијашот Филипо Мелодиа, сакал со тој чин да ја присили да се ожени за него. Во тоа време во Италија, тоа бил единствен начин да се зачува репутацијата на силувана жена.

Нејзиниот татко бил земјоделец и кога таа имала само 15 година тој ја верил за Мелодиа (кој тогаш имал 23 години), внук на мафијашот Винченцо Рими. Меѓутоа, откако за некој случај Мелодиа бил уапсен, таткото на Виола решил да ја раскине свршувачката. После апсењето за кражба, Мелодиа заминал во Германија, меѓутоа по извесно време се вратил и се трудел да биде дел од животот на Франческа. Откако сиот труд бил залуден, Мелодиа заедно со уште 12 мажи, насилно влегол во домот на Франческа и ја киднапирал, заедно сосе нејзиниот осумгодишен брат Маријано, кој не сакал никако да ја пушти сестра си. Братот бил вратен дома после неколку часа, меѓутоа Виола била киднапирана осум дена, во кои континуирано била силувана.

Франческа со своите родители во полиција

Меѓутоа, Виола одлучила да не се мажи за силувачот, туку да го тужи на суд. Со тоа таа стана првата жена во Италија што го има тужено својот силувач.

Таа пред сите во судницата кажала дека не сака да се омажи за него.

Нејзиниот став имал голем одек во италијанското друштво и случајот бил следен од многу светски медиуми.

Редица мажи што чекаат пред судницата

Нејзиното семејство било прогонето, а куќата им била запалена до темел.

Сепак, на Мелодиа му била изречена казна и тој останал зад решетки 11 години.

Франческа се омажила за својата симпатија од средношколските денови. Двојката и денес е заедно.

Оваа храбра девојка ја промени италијанската традиција, а нејзиниот пример продолжија да го следат девојките ширум светот.

Дел од законот со кој силувачот може да се извлече од своето злосторство со стапување во брак со жртвата не беше укинат сѐ до 1981 година.

Признание за Виола и за она што го има направено за жените. Денес Франческа Виола има 71 година