Почина Флоријан Шнајдер-основачот на „Крафтверк“

248

Флоријан Шнајдер, пионерот на електронската музика и еден од основачите на „Крафтверк“, почина на 73 годишна возраст – соопштува американскиот магазин „Билборд“. Според  информациите, музичката легенда починала од рак.

Во 1970 година, Шнајдер заедно со Ралф Хутер ја основа легендарната музичка група „Крафтверк“ која ја измисли роботската естетика и успешно ја вклопија во својата музика и концертни настапи.