Девојчето најдено среде океан половина век криело дека се случил крвав масакр

3986

Во ноември 1961 година девојче е пронајдено среде Атланскиот Океан, како плови на мал гумен чамец, препуштена сама на себе. Таа повеќе од педесет години ја криела вистината, односно што точно се случило со неа и со нејзиното семејство. Во 2010 година ја открила застрашувачката приказна.

Приказната започнала кога Артур Даперолт одлучил да го поведе своето семејство на крстарење на Бахамите. На пат тргнале неговата сопруга Џин и трите деца: 14-годишниот Брајан, 11-годишната Тери Џо и 7-годишната Рене, како и нивниот семеен пријател и поранешен маринец Џулијан Харви со сопругата Мери.

Одморот почнал одлично, сите добро се сложувале и се забавувале, но на петтата ноќ од крстарењето, Тери Џо ја разбудиле врисоци и чудно удирање што доаѓало од палубата над неа.

Девојчето се качило на палубата за да види што се случува, а таму затекналo ужасна сцена – нејзината мајка и нејзиниот брат лежеле во локва крв, а потоа го здогледала Харви како оди кон неа. Тој ѝ удрил шлаканица и ѝ рекол да се симне долу. Тери се спуштила во кабината, но водата веќе започнала да навлегува. Истрчала кон Харви и го прашала дали тонат, на што тој кратко ѝ одговорил „да”, го зел гумениот чамец и отпловил во морето.

Тери Џо останала сосема сама, но во еден момент се сетила дека имало уште еден мал чамец за спасување. Таа без вода, храна и заштита од сонцето поминала 84 часа на отворено море сè додека не ја пронашол грчкиот брод. Она што девојчето не го знаело е дека поранешниот маринец го убил нејзиното семејство и сопругата додека таа спиела на бродот.

Бидејќи западнал во сериозни финансиски проблеми, се претпоставува дека ја убил сопругата поради осигурување од 20.000 долари. Меѓутоа, кога Артур го видел што прави, тој морал да се ослободи од сведоци и го продолжил крвавиот пир.

Харви ја потопил јахтата за подоцна да може да каже дека тој е единствениот преживеан. На крајбрежната стража ѝ кажал дека јахтата се расипала, а сè уште бил со нив кога било јавено дека Тери Џо е пронајдена. Следниот ден се самоубил.

Не е познато зошто ја оставил Тери Џо жива, но се верува дека не се надевал дека девојчето ќе преживее само на море.

Тери со години одбивала да зборува за своето семејство, а потоа напишала книга и му се доверила на светот во 2010 година.

– Никогаш не бев уплашена. Бев на отворено море и ја сакав водата. Имав силна верба. Верував во Бог и се молев да ми помогне, оставив сè да тече по својот тек. Она што сакам да го порачам во мојата книга е никогаш да не се откажувате и да не губите надеж. Бидете позитивни и препуштeте се, помагајте на оние на кои им е потребна помош. Верувам дека доброто со добро се враќа – порачува Џо.