Подари во „Копче“ и овозможи да блеснат за својата матурска или апсолвентска вечер!

77

Покрај убавото сончево време, пријатната атмосфера и мирисот на расцветани дрвја, пролетта го означува и крајот на уште едно успешно поглавје од животот на учениците и студентите. Со матурските и апсолвентските вечери се слави успехот, среќата и новите предизвици.

За оваа посебна ноќ, сите се трудат да изгледаат убаво, поминувајќи незаборавна ноќ исполнета со дружење и забава. За таа цел, „Копче“ нуди можност за сите матуранти и апсолвенти да изгледаат онака како што посакуваат на посебната ноќ. Како што знаете, „Копче“ е местото каде што може да најдете уникатна „second hand“ облека по најповолни цени.

Токму затоа, „Копче“ дојде на идеја да испрати порака до секој оној кој сака да ја подари својата облека од матурската или апсолвентска вечер и на тој начин да овозможи некоја девојка или момче да заблескаат на својата посебна ноќ. На овој начин, ќе можете да го изберат парчето облека кое најмногу им се допаѓа и да изгледаат прекрасно за матурската или апсолвентска ноќ.

„Копче“ е проект кој го разви Црвен крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје како резултат на долгогодишно работење во областа на донирањето на облека и дистрибуција на истата до најзагрозените, а воедно е и место каде што се поврзуваат хуманоста, достоинството, трудот, екологијата.

Да се потрудиме заедно месецот мај да го направиме совршен, споделувајќи и ширејќи среќа и насмевки на лицата на младите луѓе. Со споделувањето во „Копче“, споделувате вредност и спомени, правејќи повеќе за себе и за другите!