На САД им се смачи од пријавувањето на Афроамериканците во полиција без причина

1254
Протест пред „Старбакс“ по апсењето на двајца Афроамериканци во кафетеријата

Практиката на брзоплети повици до полицијата, во врска со безопасните, секојдневни активности на Афроамериканците во САД, поприма загрижувачки размери, со што го привлече вниманието на тамошната јавност.

Белците во САД порано повикуваа полиција кога ќе забележеа Афроамериканци во блузони, чии лица се покриени со качулки, како шетаат навечер, што не е криминална активност, пишува „Лос Анџелес тајмс“. Сега има голем број на лажни повици до полицијата поврзани со црномурестите граѓани што ги извршуваат нивните вообичаени активности, кои се „поткрепени“ и со видео-снимки направени со паметни телефони.

– Белци, би можеле ли да престанете да се јавувате во полиција секојпат кога ќе забележите Афроамериканци што ги извршуваат нивните секојдневни, вообичаени активности – апелира весникот.

Неодамна, белец вработен во синџирот на кафетерии „Старбакс“ пријавил двајца Афроамериканци кои чекале нивен бизнис-соработник во кафетеријата, по што тие биле уапсени, а подоцна пуштени.

Тројца црномурести филмски работници што изнајмиле куќа во Риалто, Калифорнија, биле изненадени кога забележале полициски хеликоптер и голем број на припадници на законот, при излегување од објектот, по пријавата на повозрасен белец од соседството што сметал дека тие извршуваат грабеж.

Друг Афроамериканец бил пријавен бидејќи, наводно, подготвувал скара на ќумур во парк во Оукленд, Калифорнија, што се испоставило како неточно.

Белец, студент на универзитетот „Јејл“, пријавил црномуреста колешка што спиела во универзитетскиот интернат. 

– Се чини дека спиењето, седењето во кафуле и изнајмувањето куќа можат да ви создадат проблеми доколку имате темна боја на кожата – пишува весникот.

Движењето „живеејќи додека сум црн“, токму затоа се појави на социјалните мрежи, за да апелира за проблемите со кои се соочуваат Афроамериканците во САД, предизвикани од лажните повици до полицијата.