НАСА ќе го освојува Титан

87

Американската вселенска агенција НАСА објави дека ќе испрати сонда налик на квадрикоптер на Титан, најголемата месечина на Сатурн, која е поголема од Меркур и има сличности со Земјата.

Мисијата ќе се вика ,,Драгонфлај”, лансирањето е планирано за 2026 година, а слетувањето на Титан за 2034 година. Титан од Сонцето е одалечен 10 пати повеќе од Земјата и е екстремно ладен, со просечна температура од -179 степени.

Сондата ќе лета на небото над Титан и во период на две години и осум месеци ќе анализира и ќе ги следи сите промени на месечината на Сатурн. Целта на мисијата е да се најдат траги од древниот живот со цел да се разбере како настанало се.

Научниците неодамна сметале дека сателитот Титан е атрактивно место за проучување. Многумина мислат дека тој би можел да поддржува живот на микроорганизми.Титан има океани и течни езера на површината. Тие не се полни со вода, туку со метан во течна состојба поради исклучително ниска температура.

Неговата површина е составена од воден мраз, замрзнат како тврда карпа. Под кората се крие резервоар со течна вода за која астрофизичарите сметаат дека ја има истата температура како и водата во Тихиот океан.Титан органски се состои од комплексни молекули кои може да бидат, во најмала рака, доказ за вонземната биологија. Поради тоа Титан одамна е предмет на фасцинација кај астрофизичарите.

-,,Драгонфлај” ќе лета 175 километри за помалку од три години, ќе истражува еден свет полн со широк спектар на органски молекули кои се основите на животот и може да ни помогне да се разбере потеклото на животот- вели супервизорот на сите научни активности во НАСА, Томас Курбухен.