Долговечните даваат совети за долг живот

1359

Најнеобичен совет за долговечност го добивме во 2015 година од Џеси Галан, жена од Шкотска, која не изненади сите со изјавата дека нејзината тајна лежи во живот без маж.

Животниот век се пролонгираше, но сепак малку се оние кои доживуваат сто години.

Која е тајната на долговечноста и што е можно подолг живот е неизбежно прашање на они кои го прославиле својот 100-ти роденден. Но одговорот на еден Американец може да не изненади.

Додека многумина бараат посебна формула за долговечност и водат здрав начин на живот, без штетни навики, Ричард Овертон кој го прослави својот 112 роденден, ја откри за Далас Њуз неговата тајна и наедно напомена дека нема здравствени проблеми.

Не станува збор за здрави намирници, признал дека пуши околу 12 цигари дневно, во утринското кафе става бурбон за „здравје“, а понекогаш знае да испие дури четири кафиња на ден.

Џеси Галан, жена од Шкотска, која не изненади сите со изјавата дека нејзината тајна лежи во живот без маж.
-Ви носи само проблеми, а не задоволства, порача Џеси.

Мексиканката Леандра Бесера Лумбрерас почина кога доживеа 127 години, а нејзиното семејство изјави дека таа никогаш не била мажена.

Еунис Модлин од Индијана, која на почетокот на оваа година наполни 102 години, откри дека тајната на нејзиниот долг живот е редовна попладневна дремка и малку темно чоколадо. Таа и редовно вежбала, никогаш не пушела цигари ниту пиела алхокол, а нејзиното семејство е убедено дека токму чоколадото ја крие нејзината долговечност.