Германците го спасуваат животот на песот што ги уби сопствениците

1554
Петицијата за поштеда на Чико собра 250 илјади потписи

Песот што ги уби сопствениците можеби ќе биде поштеден, откако германските власти признаа дека згрешиле при постапувањето во случајот што се најде во центарот на вниманието на тамошната јавност, пренесува „Гардијан“.

Американскиот стафорд териер, Чико, беше фатен од пожарникари кои влегоа во стан во близина на Хановер минатиот вторник, каде што  ги пронајдоа телата на неговите сопственици Лезиме К. (52) и нејзиниот Лиридон (27). Аутопсијата покажа дека тие искрвариле до смрт по повредите кои ги здобиле од нападот на кучето.

Песот требаше да биде успиен, но повеќе од 250 илјади луѓе ја потпишаа петицијата насловена „пуштете го Чико да живее“, откако градските власти признаа дека згрешиле што претходно не го одземале животното од сопствениците, кои имале потешкотии да го чуваат стафорд-териерот дресиран за борби.

– По извршената проценка на експертите, заклучено е дека требало да им биде забрането на сопствениците да го задржат тенисот – кажа Удо Милер, гласноговорникот на градот Хановер.

Германските медиуми објавија дека Лезиме го добила песот пред осум години, непосредно пред пуштањето од затвор на нејзиниот поранешен сопруг, кој ја нападнал со секира во 2005 година. Таа останала во инвалидска количка по нападот, по што го набавила кучето бидејќи стравувала за својот живот, како и за безбедноста на нејзините четири деца. Чико, наводно, бил чуван во кафез во станот.

Во 2011 година, социјална работничка наложила, тогаш 20-годишниот син на Лезиме да го однесе кучето на дресер, откако забележал оти семејството има потешкотии со чување на стафордот и неговата „постојана агресија“. Таа била убедена дека кучето било тренирано за борби, а ветеринарска комисија требала да одлучи дали животното може да остане со семејството.

Но, Лезиме и нејзиниот син никогаш не го однеле животно на проценка, а немало реакција ниту од соседите, и покрај постојаните поплаки за лаењето на кучето.

Граѓаните организирале и протест за спасување на животот на Чико, а градот соопшти оти примил стотици барања од луѓе кои сакале да го вдомат кучето.