Во чест на Тоше кавадарчани со велосипеди од Нова Градишка до Крушево

68

Група кавадарчани денеска стартуваше со велосипедска тура „Од срце за Тоше”. Со велосипеди тргнаа од Нова Градишка, каде што загина македонскиот пејач и ќе возат 7-8 дена, околу 1.100 километри до неговото Крушево.

Пред стартот на акцијата, кавадарчаните положија свежо цвеќе пред споменикот на Тоше во Нова Градишка.

– Екипа сме од четворица велосипедисти, членови на „Тиквешки точакџии” од Кавадарци. Со автомобил стигнавме до Нова Градишка. Тројца ја минуваат маршутата на велосипед, а еден го вози автомобилот назад, како техничка подршка и заради безбедност – рече Ѓорѓи Белевски за МИА.

Тој го вози автомобилот, а на велосипед се Драган Јованов, Марјан Хаџи-Мустафов и Тони Стефанов. Ќе се преноќува во шатори.