Бројот на жители во Австралија достигна 25 милиони

96

Речиси една деценија пред предвидениот рок, бројот на жители на Австралија достигна 25 милиони.

Како главна причина за ова се посочуваат стотиците илјади мигранти кои секоја година пристигнуваат во земјата.

Според последните податоци на Владата во Канбера, секоја минута по едно лице пристигнува во Австралија, а тоа го поттикнува побарувањето на пазарот на недвижности, потрошувачката на автомобили, потребата за училишта, болници и друго, а сето тоа го зајакнува богатството на земјата.

Австралиското Биро за статистика предвидува дека за три години бројот на населението ќе достигне 26 милиони, при што на вкупниот раст на населението 62 отсто отпаѓа на миграцијата, а 38 на природниот прираст.