Боречкиот стил „Богомолка“

219

Богомолката е мошне необичен инсект, голем и најчесто зелено обоен, со предните нозе собрани како за молитва, од каде и го одбива своето име. 

Фото: Горан Анастасовски

И покрај мирољубив став, богомолката е немилосрден предатор кој се храни со инсекти, други без‘рбетници, а исто така ги јаде и членовите од сопствениот вид. Кога се насочува кон пленот, благо се занишува напред и назад како цвет или лист на ветер и ја врти главата кон потенцијалната храна. Изненадно преминуваат во напад, силно фаќајќи ја жртвата со српесто свиените предни нозе наоружани со назабени рабови.

Боречко држеше на рацето познато како „јадица на Богомолка“

Поради својата агресивност, богомолката беше инспирација за настанувањето на боречки стил во кинеската борбена вештина Вушу, познат како – стилот „Богомолка“. Постојат неколку легенди за создавањето на овој боречки стил. 

Според една легенда, стилот му се препишува на Ванг Ланг кој бил поканет од будистичкиот монах Фу Ју заедно со седумнаесет други биоречки мајстори со намера да ги подобрат боречките вештини на шаолинскиот Вушу.

Будистичкиот монах ги запишал сите техники во прирачникот наречен „Тајни раце“.

Фото: Горан Анастасовски