Американска писателка го следела сопственото упатство за убиство на сопругот?

863

Убиството на сопругот беше честа тематика во книгите на американската писателка Ненси Кремптон Брофи (68), која фикцијата од нејзините дела ја претвори во реалност во сопствениот живот, според тврдењата на полицијата, откако беше обвинета за убиство на нејзиниот маж минатата недела, пренесува „Вашингтон пост“.

Полицијата во Портланд соопшти дека авторката се соочува со обвинение за убиството на сопругот Даниел Брофи со пиштол. Мажот кој работел како готвач, бил застрелан во Кулинарскиот институт на Орегон на 2 јуни. Писателката е притворена без можност за плаќање на кауција, додека уште не е откриен наводниот мотив за убиството.

Во нејзиниот есеј „Како да го убиеш сопругот“, Ненси Кремптон Брофи истакнува дека, иако често размислувала за убиство, смета дека не би можела да стори нешто толку брутално, односно оти не би можела да се „грижи за распрсканата крв по ѕидовите“ и „да памети лаги“. Во книгата „Погрешниот полицаец“, пак, таа пишуваше за жена која секојдневно фантазира за убивање на сопругот. 

– Полесно ми е да посакувам луѓето да се мртви, отколку да ги убијам – напиша Брофи.

Ненси и Даниел биле во брак 27 години. Таа е авторка на седум романи чија содржина се заснова на тајните љубовни врски. 

Даниел Брофи бил застрелан на 2 јуни