Австралиец убиен откако договорил средба со девојка на интернет

363

Маулин Ратод (25) од Мелбурн, Австралија, договорил средба со девојка на интернет. На местото подоцна е пронајден тешко повреден и однесен в болница, каде што починал.

Состанокот со 19-годишната девојка се случил во понеделникот. Таа е уапсена и е обвинета за нанесување тешки повреди. Нејзиниот идентитет засега не се открива.

Мотивите за нападот се уште не се познати.

Блиските на убиеното момче го опишуваат како чувствителна личност и близок со сите кои му се драги.