Фото: Принт-скрин Инстаграм

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на социјалните мрежи по средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

-Резултатот од разговорите со Александар Лукашенко. Се договоривме украинската делегација да се сретне со руската делегација на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат, без предуслови. Александар Лукашенко ја презеде одговорноста да обезбеди сите авиони, хеликоптери и проектили стационирани на белоруска територија да останат на теренот за време на патувањето, разговорите и враќањето на украинската делегација-напиша тој на Фејсбук.

Фото: Принт скрин Фејбук