Фото: Илустрација

Тројца скопјани, барани со потерница, вчера биле уапсени. Двајца биле фатени на подрачјето на Бит Пазар, а еден во центар на Скопје, информираат од МВР.
– На 24 декември 2021 во 8.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода С.Т.(37) кој се барал по потерница. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка. Иколу 20.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен А.А.(32) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во полициска станица Бит Пазар за понатамошно постапување – стои во информацијата.
На 24.12.2021 околу 20.40 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен Х.Б.(40) од Скопје кој се барал по судска наредба издадена од Основен кривичен суд Скопје. Лицето е предадено во Полициска станица Центар за понатамошно постапување.