Претседателот на Собранието, Талат Џафери, најверојатно ќе ја води комисијата за помирување што би се формирала по иницијативата на осумте пратеници, но ќе се чека ставот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е еден од заклучоците од вчерашната средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието, Џафери, прва по гласањето за потребата од уставните измени во петокот.

Во Собранието вчера се очекуваше и информација дали осумте пратеници од опозицијата што гласаа „за“, поради што беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, ќе формираат пратеничка група, односно какво ќе биде нивното натамошно дејствување во парламентот.