Пентагон соопшти дека издвојува 3,6 милијарди долари за изградба на дел од граничниот ѕид на границата со Мексико.

Пентагон извојува пари за изградба на ѕид од 280 километри.

За да ги обезбеди парите, Министерството за одбрана на САД одлучило да „одложи“ 127 проекти за изградба и модернизација на воени објекти планирани со буџетот за 2019 година, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на САД, Џонатан Хофман.

Американскиот претседател Доналд Трамп во февруари потпиша декларација за воведување вонредна состојба.

Тој рече дека сака да ја заштити земјата од наркотици, криминал и илегални имигранти кои влегуваат од Мексико преку југозападната граница на САД, што смета дека е голема закана за националната безбедност.