Фото: Игор Бансколиев

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 995 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок во главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 589 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

Во болниците во Скопје тој број изнесува 406 пациенти, од кои 55 биле примени во последните 24 часа. Во изминатото деноноќие дома биле пуштени 32 оздравени пациенти.

– Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 41 болен, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 63 пациенти, во Прилеп 81, во ковид-центарот во Гостивар 26, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 9, Кавадарци 73, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението од ресорното министерство од каде додаваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Исто така се нагласува дека во скопските ковид-центри вројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 76 слободни места.