Откако склучи партнерство со „3М“ (глобална научна компанија) за производство на респиратори, за да одговорат на недостигот предизвикан од ширењето на коронавирусот, „Форд“ објави дополнителни мерки за помош во поддршка на работниците во првите борбени линии. Американскиот производител на автомобили објави дека работи на користење на истиот материјал за воздушни перничиња, за производство на 1,3 милион медицински наметки за медицинските професионалци што се борат со ковид-19 во земјата.

Во „Форд“ работат со снабдувачот на воздушни перничиња „Џојсон безбедносни системи“ за да го реафирмираат материјалот и да создадат наметки за еднократно користење. Лесната ткаенина што се користи во конструкцијата на воздушните перничиња – материјал наречен најлон 6,6 – е отпорен на течност и ги задржува своите квалитетни карактеристики, дури и по 50 пати перење во машина.
„Форд“ се надева дека ќе ги произведе овие 1,3 милион медицински наметки до 4 јули. Оттаму велат дека производството на наметки ќе достигне неделна стапка од 75.000 до 19 април, а очекуваат дека стапката на производство ќе се зголеми до 100.000 наметки неделно.