Турската полиција уапси денес 27 осомничени во Истанбул за подготвување терористички напади и врски со екстремистите на Исламска држава.

Осомничените се уапсени во утрински рации на антитерористичката полиција во 15-тина истанбулски населби утрово, јави агенцијата Анадолија.

Уапсените, наводно, подготвувале напади како одговор на недамнешни навреди на социјалните мрежи исламскиот на сметка на исламскиот пророк Мухамед.

За време на рациите биле запленети голем број документи и дигитален материјал, додаде Анадолија.

Екстремистите на Исламска држава извршија неколку напади во Турција во изминатите пет години. Меѓу нив е и бомбашкиот напад на мирен собир во Анкара во октомври 2015 година, кога загинаа 102 лица.