Три лица завршиле со повреди, од кои едно со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи вчера во селото Лешок.

Во несреќата учествувале товарно моторно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(34) од с.Желино, и патничко моторно возило „пежо“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(67), со сопатничка Ш.А.(59), двајцата од с. Непроштено.

„По несреќата, тие се пренесени во Клиничка болница Тетово каде им се констатирани повреди на возачите Н.Р. и Н.А., а на сопатничката Ш.А. и е констатирана тешка телесна повреда. Увид на лице место изврши екипа од СВР Тетово“, информираат од полицијата.