Фудбалерот на Милан, Хесус Хоакин Фернандес Саенс де ла Торе познат како Сусо, пред дербито со Интер изјави дека летово постоела можност да премине во градскиот ривал.

– Летово имав можност да преминам во Интер, од каде добив конкретна понуда. Тогашниот спортски директор Мирабели знаеше за неа и затоа бев изненаден кога изјави дека не знае ништо за тоа. Двајцата разговаравме за тоа и му соопштив дека сакам да останам во Милан бидејќи тука се чувствувам добро – истакна Сусо.

Шпанскиот фудбалер наведе дека тоа не била прва понуда од Интер за него, но дека би заминал во некој друг клуб само доколку биде избркан од Милан.

Градското дерби меѓу Интер и Милан се игра в недела на „Џузепе Меаца“.