Необичен инцидент се случил на изборите во Бугарија кога старица го изела гласачкото ливче откако веќе гласала, јавува Бугарската национална телевизија (БНТ).

Според претседателката на локалната комисија, Снежина Ангелова, 74-годишната жена отишла да гласа но потоа се предомислила и побарала повторно да и дозволат да гласа. Откако ѝ било одбиено барањето, жената одбила да го достави гласачкото личве до членовите на изборната комисија, како што налагаат прописите. Наместо тоа, таа почнала да бега од избирачкото место и го изела документот додека одела.

– Ја даде личната карта, отиде да гласа, но потоа не сакаше да ни го остави ливчето, го зеде со неа, ја бркавме по скалите до првиот кат, затоа што сме на трети и таа го голтна и го џвакаше – вели Снежина Ангелова, претседателка на 18 ЈИК.

БНТ наведува дека таков акт не е предвиден со изборниот закон.

– Се обративме до Окружната комисија, бидејќи за 25 години што сум на чело на изборната комисија, вакво нешто сè уште не ми се случило, тие рекоа дека потврдата што недостига во списокот треба да се наведе како изедена – рече Ангелова.

Во Бугарија годинава се одржуваат трети парламентарни избори, како и претседателски.