Здравствените работници во кантонот Сараево од вчера стапија во генерален штрајк што ќе трае до исполнување на нивните барања. Првиот услов за продолжување на работата е потпишување на измените од колективниот договор за правата и обврските на работодавците и на работниците во областа на здравството на подрачјето на кантонот.

Нивните барања се однесуваат и на зголемување на платите односно за зголемувањето на саатницата за 30 фенинзи, како и смена на државните функционери што го покриваат здравствениот сектор.

– Бараме да се направи корекција во платите меѓу оние што не се доктори во однос на докторите. Некому му е зголемена саатницата, а некои не добија ништо. Околу 6.200 работници не добија зголемување на платите – вели Едо Симиќ, од синдикатот за здравство.