Најмалку четири лица загинаа при експлозија во фабрика за пиротехнички средства во градот Гатчина во руската Ленинградската Област, соопштија локалните власти. Во инцидентот се повредени седум лица, од кои две се хоспитализирани.

Локалните медиуми соопштуваат дека има информации оти под урнатините на фавриката „Авангард“ се телата на уште две лица.

Се претпоставува дека межу жртвите е државјанин на Белорусија.

По несреќата приведен е главниот инженер по сомнение дека најмлувал работници „на црно“, соопшти Истражниот комитет на Руската федерација.

Работници, кои немале обука, ниту право да извршуваат таква дејност, подготвувале смеса за пиротехнички средства.