Некогашниот играч на американскиот фудбал, Џејсон Рајт, е првиот црнец што стана претседател на клуб во професионалната НФЛ-лига, откако го презеде клубот Вашингтон.
– Овој клуб во ова време е идеален за мене. Трансформацијата на клубот Вашингтон се случува во сите аспекти на организацијата и сигурно ќе нѐ направи модерни и поатрактивни. Сакаме да поставиме стандарди во НФЛ-лигата – истакна Рајт по преземањето на претседателската функцијата во клубот.
Рајт (38) е најмладиот претседател на фудбалски клуб, а четврти поранешен фудбалер во НФЛ-лигата што ја презел таа функција.