САД се подготвени да ги разгледаат новите санкции за Русија поради наводната вмешаност на таа држава во  американските избори, изјави претседателот на Претставничкиот дом Пол Рајан.

– Спроведовме истрага за мешањето на Русија во нашите избори. Тие се вплеткаа, тоа е јасно, и за тоа не треба да постои сомнеж. Исто така е јасно дека тоа не влијаеше значително врз исходот на изборите. Како резултат на тоа, наметнавме санкции кон Русија, за да ги држиме за одговорни, изјави Рајан.

Тој посочи дека ако има некои други опции за санкциите дека ќе размислат за тоа. 

Изјавата на Рајан доаѓа по билатералната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин, во Хелсинки, што се одржа вчера.

Трамп, по средбата со Путин, истакна дека ова е „добар почеток” во идните односи на двете земји.