Одложените Игри во Токио треба да се одржат од 23 јули до 8 август 2021 г., што значи дека велосипедската трка Тур де Франс в година повторно ќе треба да почне една недела порано од планираното. Тур де Франс во 2021 година треба да почне на 2 јули и да заврши на 25 јули. Машката велосипедска трка во Токио е предвидена за 24 јули, по што се чини дека е неизбежно Тур повторно да се помести за една недела назад, како што беше направено и за годинава. Поради пандемијата на коронавирусот, нејасно е дали годинашниот Тур ќе се одржи како што е планирано, а одлуката за тоа треба да биде донесена до 15 мај. Пред неколку дена француската министерка за спорт, Роксана Маракино, спомена дека настанот би можел да се одржи без публика. Пролетните „класици“ и Џиро д’Италија се одложени, а сите трки во моментов се суспендирани.