Фото: Архива

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека во рамките на истрагата против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување, точно е дека изврши претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје што ги користел осомничениот управител на правно лице и се одземени компјутери.

Информираат дека во досегашната истрага, не се пронајдени материјали поврзани со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители.

„Што се однесува до Софтверот за полагање на испитот за прием на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители, истиот не е одземен“, посочуваат од ОЈО.​