Како да ја камуфлирате небојосаната коса

Фризерските салони се затворени, па единствениот начин да ја бојосате косата е тоа да го направите сами или со помош на некој од домашните, со кого сте во изолација. Но ако не сте вешти за тоа, има и други начини да го прикриете израснатиот корен.

1. Високо собрана коса – оваа фризура го покрива израснатиот, небојосан дел подобро од сѐ, а освен тоа е идеална за работа дома, бидејќи ја трга косата од лицето и од вратот.

2. Разбушавена фризура – со прстите лесно разбушавете ја косата. Така израснатиот дел подобро ќе се спои со остатокот на косата, а потемниот корен ќе ѝ даде на фризурата побуен изглед.

3. Полукрената – уште една соодветна фризура е полукрената коса врзана во репче. Обичната гумичка може да ја замените со украсна лента, која сосема ќе ги скрие израстоците.

4. Неуредна пунџа – омилената фризура на Меган Маркл е одлична за прикривање на небојосаната коса, а наедно совршено се вклопува во опуштениот домашен изглед.

5. Плетенки – тука имате простор за креативност, а колку фризурата е поинтересна, толку повеќе ќе го пренасочи вниманието.