Повеќе од 140 насукани пилот-китови беа најдени на оддалечена плажа на Нов Зеланд. Турист кој кампувал на заливот Мејсон ги известил властите за трагедијата на островот Стјуарт.

– За жал, веројатноста да ги вратиме успешно во вода китовите кои во тој момент уште беа живи беше многу мала. Оддалеченоста на плажата, недостигот на персонал и самата лоша состојба во која беа китовите беа причина да постапиме на најхуманиот можен начин и да ги еутанизираме. Тоа е избор кој ни го скрши срцето – вели Рен Лепенс од Регионалната служба за зачувување на дивиот свет (DOC).

Причината зошто китовите и делфините залутуваат и се насукуваат на плажи е непозната. Можни причини се болести, грешка во нивната навигација, бегање од предатори или повлекувањето на водата.