Организаторите на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг (Кина) велат дека одложувањето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио за идната година поради пандемијата на коронавирусот ги ставило во „посебна“ ситуација.
– Новиот датум значи дека сме соочени со посебна ситуација, оти ЛОИ и ЗОИ би се одржале во временски интервал од половина година. Ќе направиме детална анализа какво влијание имаат тие нови датуми за ЗОИ Пекинг 2022 – изјавил за кинеската новинска агенцијата „Џинхуа“ еден од претставниците на Организацискиот комитет на ЗОИ 2020, пренесе хрватскиот „Индекс“.
ЛОИ 2020 треба да се одржат в година, од 23 јули до 8 август, а ПОИ се закажани од 24 август до 5 септември 2021. Почетокот на ЗОИ во Пекинг е предвиден за 4 февруари 2022 година. Пекинг ќе биде првиот град што ќе биде домаќин и на Зимски (2022 година) и на Летни олимписки игри (2008). .