Сѐ што имала да каже, кажала пред обвинителите и пред судијката, рече водителката Лила Филиповска на излегување од судот по сведочењето во случајот „Рекет“.

– Да бидам искрена тоа што имав да го кажам го кажав во судницата. Ако сега почнам тука да прераскажувам повторно ќе има некое недоразбирање. Јас ја кажав вистината. Оној што сака да види ќе го види видеото и ќе разбере – рече Филиповска.

На прашањето зошто повеќе не се пријатели со Боки, Филиповска одговори дека веројатно има причина, а на прашањето која е истата, Филиповска не даде одговор.

Филиповска посочи дека ги почитува медиумите и колегите новинари и нагласи дека очекува и тие да ја почитуваат и разберат.