За да се зголеми безбедноста при движењето на пешаците и безбедноста на децата во сообраќајот, на пешачката зона во близината на градинката „Пиколини“ во Карпош 4 се исцртани интерактивни тротоари, симболи и цртежи, кои им го привлекуваат вниманието на минувачите и на возилата. Од оваа локална самоуправа информираат дека и понатаму ќе продолжат да ги поддржуваат проектите на воспитно-образовните установи на нивната територија, за да се унапреди детската заштита, но и да се покаже грижа и одговорност за локалната заедница.