Израелската војска погоди неколку цели на Хамас во Газа како одговор на палестинското лансирање запаливи балони со експлозив.

Војската соопшти дека по тоа биле испалени две ракети од Појасот Газа и дека немало повреди ни на едната ни другата страна.

Израел тврди дека за сите напади е одговорен Хамас. Во изминатата година на граничната зона дојде до повеќе судири меѓу Хамас и Израел.