Блитвата содржи витамини за очите

Лисјата од блитва, богати со витамини и минерали, се составен дел од менито за детоксикација, а корисни супи од овој зеленчук особено се препорачуваат за луѓе што страдаат од воспаление на мочниот меур или бубрезите. Варената блитва со сечкан лук, исто така, има антибиотско дејство и, ако се додаде јаглика, го забрзува излачувањето на урината и ја чисти крвта.
Карактеристични состојки на блитвата се и лутеин и зеаксантин, кои популарно се нарекуваат и „витамини за очите“. Тие спаѓаат во групата каротеноиди и имаат корисен ефект врз мрежницата на окото, спречувајќи ја дегенерацијата на макулата, што инаку е поврзано со стареењето на луѓето.
Овие состојки на блитвата исто така ги зачувуваат епителните клетки што се одговорни за добриот вид.
Во исто време, лутеинот обезбедува и заштита од УВ-зраците. Анализите на научниците покажале дека лицето содржи најголеми концентрации на лутеин во однос на целото тело, затоа што најмногу е изложено на сонце.