Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Локално ќе има изолирана појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе се движи од 4 до 12, а максималната од 17 до 23 степени.

Во Скопје умерено облачно со умерен ветер од западен правец. Температурата 7/20 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде посвежо со повремени врнежи од дожд.