Меридијанска порта – најголемата порта во „Забранетиот град“

Во споредба со другите порти во „Забранетиот град“ во Пекинг, Меридијанска порта има два испакнати краци, кои потекнуваат од античките кули што традиционално биле обележје на главните влезови на храмовите, палатите и гробниците. Портата има пет свода, а трите средишни влеза се блиску еден до друг во централниот дел, а двата странични влеза се подалеку од централните. Главниот средишен влез на портата во минатото бил наменет за кинескиот цар, исклучок била царицата, која можела да помине само еднаш, односно на денот на нејзината венчавка. Сите други службеници и слуги ги користеле другите влезови низ портата.


Erythrophysa transvaalensis

Erythrophysa transvaalensis е вид на растение во семејството на сапуновидните цветни растенија. Тоа е заштитено дрво во Јужна Африка. Може да се сретне во Зимбабве, Боцвана и Јужна Африка. Се верува дека како вид се раширува преку античките трговски патишта.


Бистата на капетанот Луис Алберто Пардо

Бистата на капетанот Луис Алберто Пардо е лоцирана во непосредна близина на глечерот Фурнес на Антарктикот. Таа е поставена на местото каде што беа спасени преживеаните од бродот „Ендуранс“. На бистата може да се прочита дека на 30 август 1916 година чилеанскиот брод командуван од Луис Алберто Пардо спасил 22 мажи што го преживеале потонувањето на бродот „Ендуранс“.


Манаја – митолошко суштество на Маорите

Манаја како митолошко суштество на Маорите е вообичаен нивен мотив во накитот и резбата. Манаја најчесто се прикажува со глава на птица, опашка од риба и тело на човек, а понекогаш и како змија, птица и човечка фигура. Според маорската традиција, Манаја е гласник помеѓу земниот и духовниот свет, а симболот на Манаја се користи како чувар против злото. Како чувар против злото, Манаја има птичји клун. Слични симболи на Манаја има и во другите полинезиски култури, како што се Хаваи и Велигденскиот Остров.


„Евреите што се молат во синагогата на Јом Кипур“

„Евреите што се молат во синагогата на Јом Кипур“ е уметничко дело од полскиот и еврејски сликар Маурициј Готлиб. Уметничкото дело е создадено во 1878 година, а на него се прикажани Евреи во текот на Јом Кипур, еден од најсветите еврејски религиозни денови. Јом Кипур е еврејски празник на покајанието, време кога Евреите се покајуваат за гревовите и размислуваат за своите постапки за изминатата и претстојната година. Делото е изработено со маслена боја, а Готлиб ја користел техниката импасто (широки потези со четката).