Франција, Германија и Велика Британија официјално потврдија дека ја завршиле својата прва ИНСТЕКС трансакција со Иран, извезувајќи медицински производи во земјата погодена од американските санкции, пренесува „Спутник“.

Според германското Министерство за надворешни работи, Берлин се надева дека ќе го подобри механизмот и ќе изврши поголема трансакција со Техеран.

Механизмот за трговија ИНСТЕКС претходно беше создаден од европските земји за да се надминат едностраните ограничувања наметнати од Вашингтон против Исламската бидејќи САД се заканија дека ќе ги таргетираат тие тргувања со Техеран преку секундарни санкции.

Иран, меѓутоа, во повеќе наврати го критикуваше ИНСТЕКС за неправилно функционирање.

Веста доаѓа неколку месеци откако Финска, Шведска, Норвешка, Данска, Белгија и Холандија се приклучија на механизмот кој им овозможува на земјите да ги заобиколат санкциите на САД против Иран.

Медицинските производи се испраќаат во земјата во услови на пандемија на коронавирусод ковид-19 која сериозно го зафати Иран, кој е најтешко погодената азиска земја по Кина.

Според официјалните податоци, во Исламската Република има над 41.000 заразени, а бројот на починати во моментот е 2.757.