Македонскиот уметник Златко Крстевски учествуваше со свои дела на меѓународниот фестивал „Силдефест“ – Семаранг, во Индонезија, организиран од Академијата за ликовна уметност при тамошниот универзитет „Негери“. Фестивалот е одржан во текот на март во соработка со универзитетскиот оддел за визуелни уметности, поттикнат од важноста на образованието за време на пандемијата на ковид-19. Меѓународните уметници со своите дела одговориле на поставената тема, испраќајќи порака за позитивно образование за време на пандемијата. Крстевски учествувал на меѓународната ликовна изложба со наслов „Дудл“.