Екатерина Захариева

Правата на бугарските работници во Велика Британија по брегзит ќе бидат заштитени и договорот меѓу ЕУ и Лондон дава кредибилитет за зачувување на правата на европските граѓани во поранешната членка на ЕУ и правата на Британците што престојуваат и работат во европската заедница.

– Нема место за загриженост на Бугарите што живеат и работат во Велика Британија. Околу 90 отсто од прашањата се договорени, но најтешкиот дел остана за крај – изјави Екатерина Захариева по повод преговарачкиот процес за излез од Велика Британија од ЕУ.

Според неа, британската премиерка Тереза Мај лично го увери бугарскиот премиер Борисов дека правата на сите граѓани ќе бидат почитувани по брегзит. Исто така, Бугарија има интерес за решавање на ова прашање, бидејќи минатата година приливот на туристи од британското кралство се зголемил за 25 отсто.

– Имам информација за бројот на британските граѓани во Бугарија дека изнесува околу 11.000 луѓе. И ние имаме економски интерес да имаме договор со Велика Британија – рече Захариева.