Аптеките во Србија добија 2,5 милиони хируршки маски, а во наредните денови ќе добијат уште 6,5 милиони.

Распределбата на заштитните маски во аптеките низ Србија почна утрово, пришто во првиот круг набавени се 2,5 милиони маски од Кина, соопшти Министерството за финансии  во Србија.

– Ова значи дека од денес, а најдоцна до утре претпладне, секоја аптека во нашата земја, дури и оние на најоддалечените места, ќе бидат обезбедени со маски – се наведува во соопштението.

Најавено е дека денес ќе пристигнат уште 4,5 милиони маски, а потоа уште две милиони парчиња во наредните денови.