Фернандо Алонсо може да се врати во Формула 1 уште сезонава

31

Двојниот шампион на Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо би можело повторно да го гледаме во болидите на најбрзиот октански циркус во светот и тоа уште оваа година.

„Кориере дела Сера“ пишува дека Шпанецот би можел да се приклучи на тимот на Ред Бул Хонда на местото на Пјер Гасли.

Французинот во досегашните трки не ги исполни очекувањата на Ред Бул, собра само 55 бодови додека неговиот тимски колега Макс Ферстапен има 162 бода.

Ред Бул е познат по тоа што секогаш дава шанса на млади возачи, но за разлика од минатите години, сега изборот е скромен, а враќањето на Алонсо би бил сериозен возачки и маркетиншки потег.