Трамп ѝ се заканува на Турција со нови санкции

43

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно најави санкции против Анкара ако турските сили отворат оган врз курдските борци, кои се повлекуваат од северна Сирија, каде што треба да се воспостави безбедносна зона.

– Турција целосно разбира дека не смее да пука врз Курдите додека се повлекуваат од областа што ќе стане безбедна зона на околните области. Не мора да повторувам дека за кршење на договорот, ќе бидат воведени санкции од големи размери – напиша Трамп на Твитер.

Тој наведе дека сè се одвива добро, дека Курдите обезбедиле борци на Исламската држава и Турција е подготвена да обезбеди поддршка, како и дека се обезбедени нафтените полиња.

Додаде дека американските трупи од Сирија заминуваат во други области и потоа се враќаат дома.

– Требаше да бидеме таму 30 дена, а тоа беше пред 10 години. Кога овие будали од експерти, кои 20 години погрешно го нарекуваа Блискиот Исток, ќе прашаат што ние добиваме од договорот, јас, едноставно, велам – нафта и тоа што нашите војници си доаѓаат дома, а Исламската држава е обезбедена – напиша Трамп.