Трамп вербално нападна новинар кој го замоли да упати порака до загрижената нација

146

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во средиште на скандал, откако без никаква провокација, вербално го нападна известувачот на Ен-би-си, Питер Александер.

Александер и неговите колеги присуствуваа на редовната прес-конференција на американскиот кризен штаб и на крајот тој го праша Трамп дали сака да упати некоја порака до илјадниците заразени и милиони преплашени Американци, среде пандемијата од коронавирусот.

– Сакам да кажам дека сте очаен новинар – му рече Трамп на Александер кој многу се зачуди од ваквиот одговор.

Трамп потоа продолжи да одговора на второто прашање, но направи пауза и повторно се сврте кон Александер.

– Тоа е одвратно прашање, а вие се занимавате само со сензационализам. Тоа го правите вие ​​и вашата телевизија. Знаете што ќе ви кажам? Подобро вратете се на објективно известување отколку на сензационализам – одговори видно вознемирениот Трамп.

Подоцна во одбрана на Александер застана и новинарката од Си-ен-ен, Кејтлин Колинс која го праша Трамп дали е непоходно да се расправа со новинарите за време на ваква криза.

– Тој не е добар новинар и во вакво време е многу потешко да делуваме заедно, ако треба да се соочуваме со вакви нечесни новинари – одговори амариканскиот претседател.