Производителот на „Смирноф“ ќе донира чист алкохол за средство за дезинфекција

17
Производителот на „Џони Вокер“ и „Смирноф“ вети дека ќе донира доволно алкохол за производство на осум милиони шишиња течно средство за дезинфекција за да му помогне на медицинскиот персонал во борбата против новиот коронавирус, пренесува „Брејтбарт“.
 

„Дијагео“, британска компанија за дестилирање, ќе произведе два милиони литри етил алкохол со голема јачина, кој обично се користи за производство на вотка и на џин. Компанијата ќе донира алкохол во компаниите за санитарни производи и ќе им овозможи да произведат осум милиони шишиња течно средство за дезинфекција од 250 мл.

– Здравствените работници се во првите борбени редови против оваа пандемија и ние сме решени да сториме се што можеме за да ги заштитиме. Ова е најбрзиот и најефикасниот начин да одговориме на зголемената побарувачка за течно средство за дезинфекција во светот – вели  извршниот директор на „Дијагео“, Иван Менезес.

Миењето на рацете и течно средство за дезинфекција на рацете е една од клучните стратегии во борбата против ширењето на коронавирусот, но во Велика Британија имаше мала залиха од него бидејќи луѓето панично го копија целото количество пред воведувањето на строгиот режим на органичено движење.

„Дијагео“ планира да донира 500.000 литри алкохол за Велика Британија и Ирска и дополнителни 100.000 литри за Италија, епицентарот на пандемијата на коронавирус во Европа.