Природата продолжува со животот

325

Додека светот сè уште се бори со коронавирусот, пандемијата донесе и некои неочекувани појави. Во Венеција, која е затворена за посетители, како и остатокот од Италија, локалното население забележа дека водата во градските канали стана многу побистра. Дури и најситните риби може да се видат како пливаат. Сликите објавени на социјалните мрежи привлекоа голем број позитивни коментари:
„Природата продолжува со животот. Колку убаво“, „Посакувам водата да е секогаш толку бистра“, „Прекрасно. Постојат дури и риби што имаме шанса да ги видиме“, „Овој вирус донесе нешто убаво“, се само некои од коментарите.
Портпаролот на градоначалникот на Венеција за Си-ен-ен изјави дека квалитетот на водата не е подобрен, иако таа изгледа почисто.
– Водата сега изгледа почисто затоа што има помалку сообраќај во каналите, дозволувајќи им на седиментите да останат на дното. Иако загадувањето на водата можеби не се намали, квалитетот на воздухот е подобрен – рече тој.